ДЗС: Инфлацијата во август 2,6 проценти

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Овие бројки ги коментираше министерката за финансии Димитриеска Кочоска, според која тие се потврда за стабилизирањето на економските текови и за задржувањето на позитивните трендови во економијата.

Додава дека по инфлацијата од 5,7% во април, 4,8% во мај, 3,4% во јуни и 2,3% во јули, во август годишната стапка изнесува 2,6%.
Особено значајно за неа е што стабилизирањето на цените на храната придонесува за смирување на вкупните ценовни притисоци, а инфлацијата на храната е пониска од вкупната стапка на инфлација.

Овие движења, заедно со растот на економијата од 4,3% во вториот квартал, покажуваат дека македонската економија се движи во позитивна насока додава министерката за финансии.

Најнови вести