Економијата забрзува растот во вториот квартал изнесува 4, 3 проценти

Најголем раст е забележан во бруто-инвестициите и изнесува 16, 5 проценти, додека извозот на стоки и услуги е зголемен за 10, 4 проценти. Градежништвото како што соопшти Кочоска е најголем двигател на економијата со раст од 21,9%, втора е преработувачката индустрија од 4,1%, па следат трговијата, транспортот и угостителството од 4,1%, а секторот информации и комуникации од 4,3%. Финалната потрошувачка е зголемена за 2,8%, при што потрошувачката на домаќинствата бележи раст од 3,3%.

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

4, 3 проценти е растот на БДП во вториот квартал од годинава, забрзување во однос на растот од 3,1% во првиот квартал и е меѓу највисоките стапки на квартален раст во изминатите две и пол години, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која ги претстави последните податоци објавени од Државниот завод за статистика. Ги спореди бројките во изминатите две години, посочувајќи дека растот во првиот квартал од 2024 бил 1, 6 проценти, две години подоцна изнесува 4, 3, што е доказ, за како што вели, континуираниот последователен економски раст.

„Денес растот од 4,3% на реална, односно 8,3% на номинална основа го остваруваме во поинакви услови – при умерен раст на европската економија, глобални неизвесности и геополитички ризици. Тоа е особено значајно за мала и отворена економија како нашата, силно поврзана со европскиот пазар. Македонската економија забрзува и покрај предизвикувачкото надворешно опкружување“, рече Димитриеска-Кочоска.

Министерката посочи дека стапката на раст на македонската економија е значително над просекот на Европската Унија од 1,2% и еврозоната од 1,0%, како и над стапките на раст во дел од земјите од регионот.

Според достапните податоци за вториот квартал од 2026 година, со економски раст од 4,3%, Македонија е меѓу европските земјите со повисоки стапки на раст. Повисоки стапки бележат Словенија со 5%, Данска со 4,7% и Малта со 4,5%.

„Истовремено, растот на македонската економија е значително над просекот на Европската Унија од 1,2% и еврозоната од 1%. И во регионот нашата стапка на раст е меѓу повисоките – над Србија со 3,8%, Бугарија со 2,5% и Хрватска со 1,7%. Овој резултат добива дополнително значење ако се погледне поширокиот економски контекст, имајќи предвид дека растот од 4,3% го остваруваме во услови на умерен раст на европската економија и предизвикувачко меѓународно окружување“, рече министерката за финансии.

Според финансии, индустриското производство во вториот квартал бележи просечен раст од околу 4%, а нискоградбата просечен раст од 53,5%. Позитивната динамика продолжува и во јули, кога индустриското производство е зголемено за 1,3% на годишно ниво, а преработувачката индустрија за 3,4%.

Паралелно се смирува инфлацијата од 4,8% во мај, за два месеци се намали за два процентни поени и изнесува 2,3% во јули.

Најнови вести