Porta Engineering — квалитетно и сигурно домување
Државна каса

Владата го усвои Предлог – буџетот за 2027 година

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Владата го усвои Предлог-буџетот
за 2027 година, поставени се фискалните рамки и развојните приоритети за идната година.

Во предлог – Буџетот за 2027 година, вкупните приходи се планирани на ниво од 395,4 милијарди денари, што е 5,7 насто повеќе споредено со 2026 година, додека вкупните расходи се проектирани на 440,4 милијарди денари, што е за 4,8 проценти споредено со 2026 година.

Буџетскиот дефицит е планиран на 45 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП, и е во согласност со Фискалната стратегија за периодот 2027- 2031 година. За капитални расходи се планирани 40,8 милијарди денари. На приходната страна, посочи министерката Гордана Димитриеска – Кочоска, даночните приходи се проектирани на 223,1 милијарди денари, што претставува раст од 6,4 проценти.

,,Основната цел е да обезбедиме стабилни и одржливи јавни финансии, да продолжиме со постепена фискална консолидација, но истовремено да создадеме услови за економски раст, инвестиции и подобрување на животниот стандард на граѓаните”, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска.

Со Буџетот се обезбедуваат средства за раст на плати во јавниот сектор, повеќе пари за одбраната. Во 2027 година, покрај финансирањето на буџетскиот дефицит кој е проектиран на 45 милијарди денари, државата има обврски и за сервисирање на долгот во износ од 124,6 милијарди денари. Од вкупните обврски за отплата 46,5 милјарди денари се за надворешен долг.

Најнови вести