(ФОТО) Фатен на дело како создава депонија: Фрлал градежен шут и кабаст отпад во Кисела Вода

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Половина покуќнина и градежен материјал ги оставил пред контејнери. Жител на Кисела Вода бил фатен на дело како создава депонија, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓоргиевски. Лицето е веќе санкционирано, додава тој и најавува дека вакви постапка нема да се толерираат.

„Додека нашите екипи деноноќно работат за почист град, поединци го уништуваат сработеното и ја загадуваат околината во која сите живееме. Таквата неодговорност нема да помине без санкција! Јасно кажав и останувам на зборот – нулта толеранција за секој што ги претвора јавните површини во депонии и го загрозува здравјето на граѓаните. Инспекторите се на терен 24 часа, а во тек е и постапка за поставување камери на јавни површини, за побрзо откривање и санкционирање на прекршителите. Скопје е наш заеднички дом. Да се однесуваме одговорно“, порача Ѓоргиевски.

Најнови вести