нови содржини и обнова на скопје ЗОО

(ФОТО) Скопската зоолошка се обновува: Нов лик, подобри услови и подобра грижа за животните

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Реновирање на постојните и изградба на нови живеалишта, смена на кровите и поставување на нови огради кај лавововите и дополнителни заштитни огради, интензиво се работи на реновирање на скопската зоолошка градина. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски посочува дека е изграден моторички парк за најмладите, а се обновува и платото пред Зоолошката градина.

„Нашите заложби се насочени и кон збогатување на животинскиот свет со нови видови, со соодветни живеалишта и услови приспособени на нивните потреби. Секој чекор мора да биде воден од грижата за животните и од одговорноста што ја имаме кон нив.
Како што ветивме, работиме ЗОО Скопје да прерасне во водечки центар за едукација, заштита на природата и хуман третман на животните. Создаваме подобри услови за животните, посетителите и вработените, со нови содржини кои ќе ја направат секоја посета побогата, поубава и поучна“, вели Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски им се заблагодари на вработените и на раководството на Зоолошката градина за вложениот труд и посветеноста. Потсетува дека месецов се одбележува еден век од постоењето на Скопската зоолошка градина. Овој јубилеј најавува градскиот татко ќе биде пречекан со цврста решителност обновата да продолжи, а целта е ЗОО Скопје да биде една од најдобрите на овие простори.

Најнови вести