Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез му понудил оставка на претседателот Емануел Макрон, но тој ја одбил, соопшти денеска Елисејската палата.
Сепак, претседателот укажал на „пропусти во предвидувањето и разузнавачките информации“ кои довеле до насилство за време на протестите на 17 октомври. Тој побарал од полицијата да примени „нови методи на дејствување“ против учесниците во немирите, два дена по насилните инциденти што ја потресоа земјата, пренесува БФМ.
Под притисок поради насилството што избувна на маргините на протестите на 17 октомври, Макрон во неделата ја примил оставката на Лоран Нуњез, но одлучил да го задржи на функцијата министер за внатрешни работи.
Како причина за одлуката, Елисејската палата ја навела „потребата од континуирано раководење со спроведувањето на законот во актуелниот контекст“, се наведува во денешното соопштение.