Почна промоцијата на новиот политички субјект во Македонија кој ќе го предводи поранешниот Градоначалник на Општина Центар и поранешен член на СДСМ, Саша Богдановиќ. Српска демократска лига го одржува својот прв конгрес и веќе голем број гости се присутни на церемонија за старт со работа на новата политичка партија во Македонија.
На настанот се предвидени поздравни обраќања како и говори на Саша Богдановиќ, поздравни обраќања на гости и партнери на партијата.
Саша Богдановиќ пред две години целосно се повлече од политиката и учеството во СДСМ.
Уште во март, Богдановиќ најави формирање на Српската демократска лига, посочувајќи дека тој ќе биде нејзин претседател. Тогаш изјави дека името на партијата се поврзува со политичкото организирање на Србите на овие простори од почетокот на минатиот век.