Франција

Франција истражува можно оддавање државни тајни: Марин Ле Пен одново под лупа

Случајот доаѓа на помалку од шест месеци пред претседателските избори во Франција.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Француското обвинителство отвори истрага против поранешен висок функционер на Министерството за внатрешни работи.

Осомничениот се терети дека оддавал доверливи информации од истраги на десничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен. Имено, откривал информации за истраги поврзани со финансирањето на политичките кампањи за изборите во 2022 и 2024 година.

Според францускиот весник „Ле Монд”, осомничен е Иго Муту, кој во моментов предводи државната администрација во еден француски регион.

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез потврди дека е отворена истрага и дека го повикал Муту на разговор.

Ова е најновиот во низата скандали со кои се соочува партијата на Марин Ле Пен во пресрет на претседателските избори во Франција.

Во септември, Џордан Бардела, кого Ле Пен го посочи како кандидат за премиер, беше обвинет во медиумски извештаи дека како млад член на партијата давал антисемитски изјави. Бардела остро ги демантираше наводите објавени од истражувачкиот портал „Медијапарт”.

И 58-годишната Ле Пен се соочува со правни проблеми. Во јули беше осудена на една година домашен притвор со електронски надзор поради проневера. Таа поднесе жалба до највисокиот француски суд и верува дека на крајот нема да мора да носи електронска алка за следење.

Најнови вести