И Босна и Херцеговина ја запира вакцинацијата со БСЖ

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

На шести октомври и Босна и Херцеговина привремено ја запре дистрибуцијата на бугарската БСЖ вакцина и препорача таа да не се користи додека не заврши целосно дополнителната истрага.

Одлуката била преземена по информациите за сомнителни несакани реакции во Хрватска. Властите во Загреб ја запреа употребата на сите партиди од вакцината на „Бул Био” по четири пријави за можен остеомиелит воспаление на коските по вакцинација.

И Македонија привремено јa стопираше имунизацијата со конкретната бугарска вакцина додека се проверува нејзиниот квалитет.

Министерот за здравство Сашо Клековски соопшти дека спорните серии што се поврзуваат со случаите во Хрватска се од 2022 и 2023 година, а нивниот рок за употреба е веќе истечен. За да не се прекине имунизацијата, Министерството за здравство најави користење јапонска БСЖ вакцина.

Бугарските институции тврдат дека засега нема докази за неисправност на вакцината и дека во дел од случаите можеби била аплицирана десеткратно повисока доза од пропишаната.

Најнови вести