Хрватска со нова блокада кон Црна Гора пред Подгорица да затвори уште едно поглавје, вкупно трето, во преговорите за членство во Европската Унија.
На седницата на Комитетот на постојани претставници на земјите-членки на ЕУ, Загреб го направи невозможно затворањето на Поглавјето 15, кое се однесува на енергетиката и повторно стави рампа за затворањето на Поглавјето 14, кое е за транспортната политика.
Властите во Загреб вчера објавија дека ќе нема отстапки се додека Црна Гора не ги исполни барањата. Во Подгорица велат дека отворените билатерални прашања не треба да се користат за условување на крајот на процесот на пристапување на земјата во ЕУ.
Односите меѓу Загреб и Подгорица со
години влечат нерешени прашања околу полуостровот Превлака, сопственоста на бродот „Јадран“, обесштетувањето на поранешните затвореници во логорот Морињ и имотни прашања.
Хрватска бара да се решат овие спорови пред да даде целосна поддршка за членството на Црна Гора во Европската Унија.