Јакуп Хусеини кандидат на ВЛЕН за градоначалник на Брвеница

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Јакуп Хусеини е магистер по правни науки и моментално работи како државен службеник во Општина Брвеница. Неговото професионално искуство и непосредната работа со жителите му овозможиле одблиску да ги запознае потребите, проблемите и предизвиците со кои се соочува Општината, соопштија од ВЛЕН.

Додаваат дека во текот на целиот свој професионален ангажман бил во служба на жителите и посветен на своите институционални одговорности.

Нашата предност е јасна: не губиме време со приспособување. Јакуп Хусеини ја познава Општината, администрацијата, процедурите и потребите на жителите. Затоа, уште од првиот ден може да биде во нивна служба и да започне со работа и конкретни одговорности. Со оваа кандидатура нудиме кандидат со правна подготовка, професионално искуство и непосредно познавање на Општина Брвеница, велат од партијата на Меџити и Касами.

Најнови вести