Сами против сите. Ние со изборна програма и концепт, тие со поддршката на демографијата, националната карта и по некој тројанец за одвлекување на гласови, вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги оцени резултатите од локалните избори во Брвеница.
-Сепак, растот на гласови од првиот круг е јасен и чист од 3000 на 4200, а во однос на парламентарните избори имаме раст од 1300, но за жал недоволно за целосна победа.
Благодарам на сите жители на Брвеница што гласаа за нас и на тие што не гласаа, сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата.
Една Брвеница за сите е повеќе од концепт, тоа е начин на работа, напиша Мицкоски.