случај ива михаилова

Адвокатот Јанаки Митровски за РЕПЕР: Шансите за екстрадиција на таткото и ќерката Михаилови се исклучително мали бидејќи ги штити Бугарскиот Устав

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Адвокатот Јаники Митровски смета дека шансите за екстрадиција на таткото и ќерката Михајлови се исклучително мали бидејќи ги штити Бугарскиот Устав кој, како и речиси сите Устави, не дозволува екстрадиција на свои државјани.

Во коментар за РЕПЕР, ова тврдење го објаснува како што вели имајќи на ум дека сигурно во операцијата за шверц на Ива учествувало и бугарското разузнавање. -Јасно е дека до екстрадиција нема да дојде, смета Митровски.

За тоа дали вреди ЕУ и НАТО Алијансата да бидат информирани за бегството на Михаилова, адвокатот Митровски смета дека тие институции немаат надлежност.

„ЕУ и НАТО партнерите немаат надлежност, и овој потег е повеќе за домашната публика. Македонија може да бара помош од Советот на Европа и Европскиот комитет за проблемите на криминалот со оглед на фактот дека постои и Европска Конвенција за меѓусебна помош во кривичната материја. Крајно постои и можност да се бара Бугарија да го преземе кривичниот прогон, но судејки по нивното однесување ова е најнепосакувана опција во насока на фер судење“.

Јанаки Митровски дополнително очекува Бугарија да се повика на Конвенцијата за екстрадиција согласно нивниот Устав.

„Бугарија ќе се повика и на Конвенцијата за екстрадиција vis a vi нивниот Устав, дотолку повеќе што и да биде затекната и лишена од слобода во трета земја, барањето за екстрадиција би било опонирано по основ немање можност за фер судење и политички прогон по етничка основа, за кој сите знаеме дека е непостоечки“.

Бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, говорејќи за случајот со Ива Михаилова, изјави дека Бугарија нема намера да ја предаде Михаилова, по која македонските власти распишаа меѓународна потерница.

„Ниту ја бараме, ниту ќе ја предадеме на српските власти“, изјави Демерџиев.

Изјавата на Демерџиев следува по повеќедневните несогласувања меѓу македонските и бугарските власти околу начинот на кој Ива Михаилова ја напуштила Македонија и пристигнала во Бугарија.

Михаилова, која има македонско и бугарско државјанство, е обвинета во случај за сообраќајна несреќа во која загина 33-годишниот Бесим Дурмиши. Таа ја напушти Македонија и покрај судските мерки, а македонските институции побараа нејзино меѓународно пронаоѓање и враќање.

Најнови вести