На стартот на новата учебна година, ресорната министерка Весна Јаневска во интервју за „Репер“ им посака среќа на сите ученици и просветни работници и им многу успеси во учењето и работата.
„Среќно на сите и многу успеси. Новата учебна година започнува со подобрени услови за настава и учебници за сите ученици“, вели Јаневска за РЕПЕР.
Училиштата побарале тираж, Министреството навремено го обезбедило.
Нови учебници има за прво, втор и трето одделение, како и за осмо одделение и за втор клас во гимназиско образование, каде ќе се учи по нови наставни програми.
МОН ги поддржува општините да воведуваат едносменска настава во што повеќе училишта. Во моментов се прошируваат капацитетите на 14 училишта, а во следните неколку месеци етапно започнуваат уште 15 проекти.
-За да им се олесни процесот на образование на учениците со посебни образовни потреби, ангажираме 1358 образовни асистенти во основното и 166 во средното образование, потенцира министерката.
Наставниците и сите други вработени во училиштата се најважната алатка во образовниот процес, па за нив Јаневска најави покачувања на платите.
-Во март 2027 ќе добијат ново покачување на платите помеѓу 7,5 и 10% во зависност од стапката на инфлација. Им благодарам за грижата и посветеноста кон учeниците, истакнува Јаневска.
Министерството со поддршка за талентираните ученици.
Во новата учебна година, трошоците за пат и учество на меѓународни научни олимпијади целосно ќе бидат покриени.
-Семејствата на учениците во септември ќе можат да купуваат училишен прибор со намалена малопродажна цена за најмалку 15%. Оваа одлука е донесен од страна на Владата. Во октомври пак, ќе бидат објавени конкурсите за ученички стипендии, додава ресорната министерка за РЕПЕР.
Новата учебна 2026-2027 година започнува денес, а наставата ќе трае до 10 јуни, освен за матурантите кои завршуваат на 17 мај.