Ким Џонг Ун промовираше ново оружје

Северна Кореја продолжува да му пркоси на Западот и сојузниците.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун стави во употребa втор поморски разорувач и повика на изградба на посигурен нуклеарен механизам за одвраќање. Промоцијата следува откако САД, Јужна Кореја и Јапонија одржаа трилатерална воена вежба која Пјонгјанг ја смета за безбедносна закана.

Северна Кореја го зголемува притисокот врз САД откако ја отфрли одлуката на претседателот Доналд Трамп да ја намали големата воена вежба со Јужна Кореја, како помирувачки чекор кон Ким.

“За темелно да се спротивставиме на постојните и потенцијалните, очајни закани, мора да продолжиме да ја градиме нашата огромна воена моќ. Го нагласуваме ова уште еднаш. Со распоредување на нашите најмоќни стратешки средства во најкритичните води, ќе покажеме принципиелна и одговорна волја во одбраната на поморскиот суверенитет на Републиката, безбедносната средина на Североисточна Азија и светскиот мир, а исто така ќе дадеме и значаен придонес”, истакна севернокорејскиот лидер.

Разорувачот Канг Кон беше пуштен во употреба во морнарицата на Северна Кореја во источниот пристанишен град Вонсан. На церемонија присуствуваа Ким и неговата ќерка, која шпионската служба на Јужна Кореја ја нарекува негов веројатен наследник.

Бродот и „Чое Хјон“, кој беше ставен во употреба во јуни, се разорувачи од 5000 тони опремени со нуклеарни ракети, што ги прави најнапредни воени бродови на Северна Кореја.

Во говорот на церемонијата, Ким рече дека воени бродови еден по друг всадиле страв кај непријателите.

Најнови вести