Северна Кореја истрелала десетина балистички ракети од својот источен брег кон морето, објави Здружениот штаб на вооружените сили на Јужна Кореја. Станува збор за ракети со краток дострел, кои биле истрелани од област во близина на Вонсан, на источниот брег на Северна Кореја.
Јужнокорејската војска соопшти дека го засилила надзорот во регионот и оти одржува состојба на подготвеност во случај на евентуални нови лансирања од страна на Пјонгјанг. Мерките се спроведуваат со блиска размена на информации со Соединетите Американски Држави и Јапонија.
Северна Кореја последен пат истрела балистички ракети на 12 октомври. Новите тестирања следуваат во услови на зголемени тензии на границата со Јужна Кореја, каде во експлозија на мина изминатиот месец беа ранети неколку јужнокорејски војници.