Министерот за здравство Сашо Клековски очекува в среда на 21 октомври да почне вакцинацијата против сезонски грип.
,,Приоритет имаат возрасните над 65 години згрижени во институции, поради поголемиот ризик за епидемија во микро-услови и другите ризични групи ќе бидат опфатени според проценката на Комисијата. Значи, во основа сите активности што се организирани во минатото ќе бидат организирани и сега. Нема да има никаква отстапка во начинот на работа и методологијата”, рече Клековски
Речиси 25.000 граѓани досега се пријавиле на линкот vakcinacija.mk за вакцинација против сезонски грип, според информации од системот „Мој термин”.