Поранешен припадник на ОВК синоќа уапсен на граничен премин во Македонија по потерница од Србија.
Поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Фадил Пушколи, синоќа е уапсен на граничниот премин „Блаце“ – „Ѓенерал Јанковиќ“, по потерница распишана од Република Србија, а по распитот од полицијата е пуштен на слобода.
Според објава на Фејсбук-профилот на Пушколи, тој бил уапсен поради тоа што бил припадник на ОВК.
Пушколи е уапсен еден ден откако во Хрватска беше ослободен Бајрам Бајрами, кој претходно беше уапсен по меѓународна потерница од Србија поради сомнение за воено злосторство врз цивилно население.
Во државава, пред две години, по потерница од Србија беше уапсен и поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани, кој подоцна беше ослободен од притвор.