Градежните активности на клучката кај Момин Поток, по повеќегодишниот застој, за само неколку месеци со забрзана работна динамика се наоѓаат во завршна фаза. Треба да завршат до крајот на годината.
– Клучката кај „Момин Поток“ ја затекнавме во повеќегодишна стагнација без никакви градежни активности и без завршена експропријација. За само неколку месеци ја завршуваме голготата низ која минуваше народот. Целосно е завршен големиот мост, кој што ги поврзува булеварот „Никола Карев“ со булеварот „8 Септември“ и улицата „Скупи“. Веќе едната страна од левиот дел према граничниот премин е целосно асфалтирана. Целата подземна инсталација е готова, односно атмосферската канализација, како и сите операторски кабли се спуштени подземно. Дополнително, два од трите моста на реката „Серава“ се целосно готови, а се работи со силно темпо и на третиот мост, со што до Нова година сметаме дека конечно ќе биде ставен во функција мостот, клучката, но и целиот овој потег кој што сериозно ќе сериозно ќе го среди сообраќајниот метеж на овој дел од градот Скопје. Скопјани заслужуваат, скопјани предолго чекаа на овој проект и конечно ќе го добијат она што го заслужуваат, истакна градскиот татко Орце Ѓорѓиевски.