Кривична пријава заработија две лица за кражба и несовесно работење во служба, еве за што станува збор

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44 годишен жител од село Ботун, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против 45 годишен граѓанин на Битола за сторено кривично дело кражба.

Првопријавениот, референт за превоз Шумско стопанство „Галичица“-Охрид, постапил спротивно на службените обврски и должности и му го предал чеканот за жигосување на второпријавениот. На тој начин му овозможил да го користи при сеча и обележување на дрвна маса без да обезбеди соодветна контрола и проверка на потеклото и не издал соодветна испратница за дрвната маса од местото на сеча до соодветниот магацински склад.

На 26.09.2026, полициски службеници од СВР Охрид го затекнале второпријавениот како кон селото Црвена вода, општина Дебрца, со товарно моторно возило „сканиа“ со битолски регистарски ознаки врши транспорт на 14 метри просторни огревно дабово дрво без да поседува соодветна документација, по што ги одзеле и ги предале на претставници на Шумското стопанство „Галичица“.

Најнови вести