се огласи и банката

Паника во Битола, исто како во Нови Сад: Граѓани чекаат ред пред „Алта Банка“ (ВИДЕО)

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Граѓани чекаат ред за повлекување пари пред главната експозитура на Алта банка во Битола. На снимките кои утрово ги направи екипата на 4news.mk се гледаат луѓе собрани пред влезот и на скалите на експозитурата.

Редица граѓани и во Нови Сад- утринава чeкаат пред филијала на „Алта банка” да си ги повлечат парите, откако Народна банка на Србија објави дека и ја оддзема дозволата на банката и таа оди во стечај.

Во контекст на најновите случувања поврзани со АЛТА банка во Република Србија, АЛТА банка АД Битола ја информираше јавноста дека Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Северна Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива и е под непосредна супервизија на Народната банка на Република Северна Македонија.

Најнови вести