Народниот театар Битола, на 10 и 11
ноември, премиерно ќе ја изведе претставата – „Татко“ од Август Стриндберг, во режија на Благој Мицевски.
Претставата е дел од официјалната програма на Општина Битола по повод одбележувањето на четври Ноември, Денот на ослободувањето на градот.
Преку ова безвремено драмско дело,
режисерот Благој Мицевски ги отвора
прашањата за односот меѓу мажот и жената, за семејните односи и за трагедијата на човекот што постепено го губи тлото под нозете
Годинашното издание на фестивалот ќе го збогатат театарски продукции и учесници од Италија, Ерменија, Соединетите Американски Држави, Романија, Грузија и Малта.
Особено значаен датум за Народен театар Битола е 14 ноември, кога се одбележуваат 82 години од постоењето на институцијата. Овој значаен јубилеј ќе биде одбележан со свеченото отворање на 12. издание на „Битола Шекспир фестивалот“.