Од Радовиш до границата

Македонија добива ново поврзување со Бугарија: Ќе се гради експресен пат со средства од ЈПДП, почната постапката

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Изградба на експресен пат кој ќе оди од Радовиш преку Струмица, Ново Село, до граница со Бугарија. Македонија ќе добие уште едно поврзување со Република Бугарија.

-Во овој момент почната е постапката за избор на куќа која што ќе ја работи целокупната документација, од предпроектна документација, преку еколошки студии, социјални студии и физибилти студија. Рокот за поднесување на понуди е до 8 октомври, што значи завршува за некаде десетина дена. После тоа очекувам да биде избран изведувачот, подвлече заменик претседателот на Владата и министер за транспорт и врски Александар Николоски.

Вицепремиерот Николоски истакна дека ​во рок од шест до девет месеци треба да се завршат студиите и потоа ќе следи постапката на тендерирање.

-Одиме со сопствени средства од Јавното претпријатие за државни патишта. ЈПДП е во добра кондиција, има добри приливи на средства и ќе можеме да го градиме овој проект, така што еве нека не е ветено, но ако сѐ оди добро и имаме добра постапка за избор сега прво на консултантска куќа, а после тоа на изведувач, очекувам до есента веќе да почнат градежни активности на терен, што како што кажав ќе значи многу и да напоменам уште еднаш нема да одиме само до Струмица, туку ќе одиме до граница со Бугарија, додаде Николоски при посетата на Радовиш.

Најнови вести