Во обраќање до нацијата, францускиот претседател Емануел Макрон вети дека ќе ги повика на одговорност оние кои „се обидоа да ја соборат Републиката“.
Ги повика политичките тела да го осудат насилството.
– Вечерва, сите чувствуваме гнев и срам“, рече Макрон во обраќањето до нацијата, додавајќи дека мора да има разлика помеѓу демонстрантите со „легитимни барања“ и „оние кои уништуваа, кршеа и ограбуваа“.
Францускиот претседател Макрон вети дека ќе има „целосна транспарентност“ во врска со одговорот на безбедносните сили на протестите што станаа насилни овој викенд, по критиките дека полициските подготовки биле несоодветни.
Шефот на Елисејската палата рече дека локалните самоуправи ќе соработуваат со градоначалниците за заштита на зградите кои беа на удар на масовните демонстрации.
Претходно, францускиот претседател одржа итен состанок со високи владини претставници во Елисејската палата, по насилните протести.
Полицијата уапси најмалку 1800 луѓе низ цела Франција откако насилни групи се судрија со полицајци и ограбија продавници за време на националните демонстрации кои привлекоа стотици илјади луѓе кои протестираа против зголемувањето на трошоците за живот и лошите услови во училиштата.
Масовните протести во Франција често се нарушени со насилство на маргините на инаку мирните маршеви, што доведува до судири со полицијата.