блокираа говорница, корнеа микрофони

Масовна тепачка во албанскиот парламент: Тензиите од улица се преселија во собраниска сала (ВИДЕО)

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Седницата во албанскиот парламент денеска прерасна во масовна физичка пресметка меѓу пратениците на опозицијата и парламентарното мнозинство. Инцидентот почна кога претставници на Демократската партија ја блокираа говорницата, им ги одземаа гласачките картички на колегите од власта и корнеа микрофони.

Овој настан доаѓа по серија студентски и граѓански протести во Тирана, со што институционалната криза директно се пресели во собраниската сала.

Тензијата во салата експлодира кога пратеникот и генерален секретар на Демократската партија (ПД), Фламур Нока, тргна кон клупите на Социјалистичката партија за да им ги одземе картичките за гласање. Во акцијата му се придружија и други пратеници од опозицијата, по што настана туркање меѓу пратеничките групи.

Блокадата на говорницата и инцидентите се поврзани со барањата на опозицијата за политичко решение по бранот протести во земјата.

Судот во Тирана пак, ослободи 18 лица приведени за време на претходните граѓански собири, одредувајќи им мерка редовно јавување во суд.

Најнови вести