Одбележување

Меѓународен ден на руралната жена

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Меѓународниот ден на руралните жени е посветен на милионите жени во светот кои придонесуваат во земјоделското производство, во опстанокот на руралните заедници и зачувувањето на природните ресурси.

Годинашната тема, „Руралните жени земјоделки се грижат за природата”, го става во преден план придонесот на руралните жени во заштитата на животната средина и одржливото производство на храна.Во светот, жените се одговорни за приближно половина од светското производство на храна, а нивната работа опфаќа и зачувување на семињата, заштита на биолошката разновидност, управување со водните ресурси и обновување на земјиштето, како и за намалување на последиците од климатските промени.

Сепак, родовиот јаз е присутен и во овој сегмент, руралната жена и натаму се соочуваа со поголем ризик од сиромаштија и со нееднаков пристап до економските можности во споредба со мажите. Жените често имаат помали можности за поседување земјиште, добивање кредити, пристап до земјоделски материјали, пазари и профитабилни синџири за производство и продажба на храна.

Одбележувањето на Меѓународниот ден испраќа порака дека жените треба да имаат поголема улога во одлучувањето за развојот на руралните средини, земјоделските политики и управувањето со природните ресурси.

Одбележувањето на овој ден е повик за еднакви можности за жените во земјоделството, поголемо учество во процесите на одлучување и подобар пристап до ресурси, финансии и пазари.

Најнови вести