Меѓународна коференција „Безбедност 2030″ во Охрид

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Факултетот за безбедност – Скопје при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, домаќини на дводневната, 17. меѓународна конференција на тема „Безбедност 2030: Ера на паметни технологии, отпорни општества, ризици и предизвици”.

На конференцијата ќе учествуваат претставници на академската и научната заедница, безбедносните институции и јавниот сектор, како и истражувачи и практичари од земјата, регионот и пошироко. Настанот треба да овозможи размена на научни сознанија, искуства и перспективи за современите и идните безбедносни предизвици во услови на забрзан развој на паметните технологии, дигитализацијата И интелигенција.
На настанот свое обраќање ќе има и Министерката за образование и наука Весна Јаневска и Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Преку научни излагања, тематски дискусии и размена на искуства, конференцијата се очекува да придонесе кон продлабочување на соработката меѓу академската заедница, институциите и практичарите и кон развивање современи пристапи за справување со безбедносните ризици и предизвици во пресрет на 2030 година.

Најнови вести