Масовни протести во Италија

Мелони лута на демонстрантите: Немири, судири и ограбени продавници на вториот ден од протестите во Милано

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Протестите против трошоците за живот се претворија во насилство низ цела Италија. Вчера во Милано избувнаа судири меѓу демонстрантите и полицијата, додека луѓе со качулки ограбуваа продавници, оштетуваа имот и опожаруваа објекти втор ден по ред.

Полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата од преполните улици.
Немирите следеа по демонстрациите во саботата против војните и растечките трошоци за живот. Протестот во неделата почна мирно пред да ескалира во судири со полицијата и насилство на улиците.

Според италијанската новинска агенција ANSA, 160 лица биле однесени во полициска станица во Милано, 80 проценти од нив биле малолетници.

,,Уште еднаш, жените и мажите од полициските сили мораа да се соочат со насилството на криминалците кои, дури и преку организирани групи, ги искористуваат демонстрациите за да предизвикаат конфликт и да сеат хаос.
На сите нив им изразувам целосна солидарност и искрена благодарност. Тие беа таму за да ја заштитат безбедноста на граѓаните, работниците, трговците и сите оние кои имаат право да живеат во својот град без страв и без да го гледаат како го уништуваат банди насилници.Ние сме со вас”, напиша италијабската премиерка Џорџа Мелони на Фрјсбук.

Премиерката Мелони за денеска свика состанок на владата, со цел да се најде начин за справување со состојбата на улиците.

Најнови вести