мвр

Мобилниот тим „Task Force” пронајде дрога и лиши од слобода две лица од делчевско

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

На стариот пат с.Тработивиште – Делчево, полициски службеници од мобилниот тим „Task Force” од РЦ за ГР Исток вчера вечерта ги лишија од слобода Д.К.(29) од с.Полето, делчевско и У.А.(26) од с.Црник, делчевско.

При преглед на паркирано патничко возило „фолксваген голф” со делчевски регистарски ознаки, во кое биле двајцата, биле пронајдени и одземени марихуана и ризли.

Лицата се задржани во ОВР Делчево и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести