Најмалку осум лица загинаа, во вооружен напад во три села во западниот дел на централна Турција. Меѓу жртвите има и мажи и жени.
Според турските власти, по долга потрага, напаѓачот е уапсен. Се истражуваат мотивите.
Од канцеларијата на гувернерот на областа Афјонкарахисар велат дека нападот се случил во рурално подрачје во близина на истоимениот град, кој се наоѓа меѓу Анкара и Измир.