Немири во повеќе градови

Насилни демонстрации во Франција, уапсени речиси 200 луѓе

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Врие во повеќе градови во Франција. Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите во Париз, Лион и Стразбур кои протестираат поради високите трошоци за живот.Ce очекува учениците и студентите да се
приклучат на протестите против трошоците за жувот. Со недели младите во Франција организираат демонстрации за подобри услови во училиштата.

Во Марсеј, демонстрантите се обидоа да упаднат во полициска станица и да ограбат продавници, соопшти Министерството.

Првите судири се регистрирани кратко откако демонстрантите излегоа на улиците.Околу 100 лица се уапсени за носење оружје и други забранети предмети, соопшти париската полиција.

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика граѓаните мирно да простестираат. Министерството за внатрешни работи нотира дека низ целата земја се уапсени 166 лица.

Насилни напади од страна на маскирани демонстранти се извршени во Париз, Марсеј, Рен, Тулуз и Анже. Француското МВР објави дека регистрирале обиди за грабежи, напади врз полицајци, опожарување на јавни места и целни напади врз властите и медиумите.

Најнови вести