Две лица загинаа, а четири се повредени во утринскиот напад врз Киев.
Како што соопшти градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, Русија денеска повторно изврши ракетен и напад со беспилотни летала врз украинската престолнина.
„Во некои области избувнале пожари на местата каде што имало удари, има загинати и повредени“, објавено е на Телеграм-каналот на Киевската градска воена управа (КГВУ).