На 12.09.2026 година во 15:30 часот на ул. „Борче Кочовски“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 48 годишно лице од Тетово поради основано сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при семејно насилство (по член 130 од Кривичниот законик).
Настанот во 14:20 часот го пријавила неговата 41-годишна сопруга, која изјавила дека на 04.09.2026 година околу 10:00 часот во нивниот дом, по претходна вербална расправија, физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.