Голема акција на МВР, претреси во Штип и во Скопје

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, СВР Штип, СВР Скопје и Секторот за компјутерски криминал при МВР, по судска наредба обезбедена од Основното јавно обвинителство Штип вршат претреси на повеќе локации во Штип и Скопје.

Според МВР, во тек е акција во врска со сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ од страна на Р.Т. раководител на информатички сектор при Универзитетот Гоце Делчев во Штип.

Се очекуваат детали по целосно завршување на акцијата.

Најнови вести