рке

Нови цени на горивата: Што поевтинува, а што поскапува од полноќ

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука според која од полноќ бензините поевтинуваат за два и пол денари, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за два денари.

Според ова, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 96 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 98 ден/лит.

Новата цена на дизелот од полноќ ќе биде 99 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 110,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот се зголемува за 1,837 ден/кг и тој ќе се продава по цена од 53,579 ден/кг.

Најнови вести