Растот на цената на нафтата на светските берзи се очекува да донесе ново поскапување на горивата.
За само една недела, нафтата од типот „Брент” поскапе за речиси седум проценти и ја заврши неделата на највисоко ниво во последните пет месеци.
Аналитичарите предупредуваат дека растот може да продолжи поради зголемените тензии на Блискиот Исток. Дополнителна неизвесност предизвикуваат информациите дека САД и Израел разгледуваат планови за обновување на нападите врз Иран по американските избори во ноември.
Нафтата на светските берзи и зајакнувањето на доларот во однос на денарот имаат значајно влијание врз новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, која треба да биде донесена денеска.