Малопродажните цени на нафтените деривати од ноќеска на полноќ се зголемуваат во просек за 4,89 проценти, реши Регулаторната комисија за енергетика.
Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР, БС-98 поскапуваат за 3 денари по литар, додека најголемо зголемување има кај дизелот и маслото за домаќинство. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 6 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство за дури 8 денари по литар.Малопродажната цена на Мазутот се зголемува за 1,591 ден/кг.
Од РКЕ појаснуваат дека зголемувањето се должи на повисоките референтни цени на светските берзи и курсот на денарот.