Ново рочиште за случајот „Државна лотарија“

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за „Државна лотарија“.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

На денешното судење треба да присуствува и поранешниот директор на државната лотарија Перпарим Бајрами кој е првообвинетиот во случајот, а минатата недела на 9 септември и се предаде на полицијата на граничниот премин Блаце.

За него судот определи мерка притвор и беше спроведен во затворот Скопје.

Меѓу обвинетите се и поранешниот вицепремиер Артан Груби, Методија Димевски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски, Александар Димитриоски и Башким Авдиу.

На претходното рочиште сите обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Најнови вести