Утрово до надлежниот суд е доставен предлог за определување мерка притвор за Ива Михаjлова, која вчера избега во Бугарија и покрај судската забрана за напуштање на државата и одземените патни исправи.
Инаку, Михаjлова е обвинета во судска постапка, дека во сообраќајна несреќа го усмртила Бесим Дурмиши од село Љуботен-Скопје.
Од МВР вчера соопштија дека во системот за гранична контрола нема евидентиран нејзин излез од земјата, а преку заедничкиот контакт-центар било добиено известување дека ниту бугарската гранична полиција нема евидентиран легален влез.
Михаилова и нејзиниот бугарски адвокат тврдат дека преминале преку граница со лични документи.