Случај

СУДОТ ПРЕСЕЧЕ: На бегалката Ива Михаилова ќе и се суди во отсуство

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

По предлог на Основното јавно обвинителство Кочании, на Ива Михаилова, обвинета за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, решено е да и се суди во отсуство, бидејќи таа не е достапна на државните органи.

Следното судско рочиште е закажано за 09.11.2026 година во 9 часот.

Михаилова избега од државата на 11
октомври и замина во Софија. Таа има и бугарско државјанство, а во Македонија е обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици.

По нејзиното бегство од земјава, по неа е распишана централна и меѓународна потерница. Кочанскиот суд и одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

И натаму е нејасно како Ива Михаилова ја напушти државата.

Најнови вести