Заменик-претседателот на италијанската влада, министерот за транспорт и лидер на десничарската партија Лига, Матео Салвини, вечерва изјави дека 500 војници ќе бидат распоредени во Милано по шокантните насилни нереди во кои учествувале млади лица, а кои се случиле таму во текот на викендот.
Тој, исто така, најави укинување на правото на државјанство за малолетниците кои учествуваат во нереди, откако владата во вторникот усвои нова уредба за безбедност и малолетничка деликвенција, пренесува Анса.
„Од вечерва ова е закон! Повеќе воен персонал за операцијата ‘Безбедни улици’ – со 500 припадници кои веќе се распоредени во Милано – воведување можност за дополнително апсење врз основа на снимки од безбедносните камери, како и проширување на овластувањата на вооружените сили и органите на редот“, изјави Салвини.