ЦУК: Осум активни пожари во Македонија

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Центарот за управување со кризи информира дека до 18:00 часот во земјава се регистрирани вкупно 20 пожари, од кои 8 активни, 3 се под контрола, 9 се изгаснати.

Активни се пожарите во Општина Сарај с. Копаница каде гори ниска вегетација, во Општините Гостивар и Македонски Брод с. Трново кон селата Битово, Заград и Страјане. Во Општина Македонски Брод гори нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат.Во Општина Чашка пожар има над с.Нежилово каде гори ниска вегетација и единечни дрва. Во Општина Јегуновце, село Копанце гори мешана шума.

Во Општина Прилеп гори над Касарната во Прилеп, кај Старите гробишта и во селото Црнилиште, во Охридското село Велмеј гори ѓубре и ниска вегетација.

Три пожари се под контрола.

Во Општина Делчево каде гори депонијата и во селот Црквенец. Општините Студеничани и Зелениково: с.Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (Општина Студеничани) и кракот кон с.Палиград, над с.Вражале и с.Тисовица (Општина Зелениково) (мешана шума).

Изгаснати се пожарите во селата Банско, Будинарци, Милетино, Чанаклија, Дворци, Девич и Паниќари.

Од Дирекцијата за заштита и спасување нов апел до граѓаните да бидат максимално внимателни и да не предизвикаат пожар.

Најнови вести