Во паркот во Ѓорче Петров каде се одржувала манифестација, вчера во 21 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.И.Б.Л.(31) од Мексико.
Лицето одбивало да се легитимира, се однесувал агресивно, а потоа физички и со тврд предмет нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија.
-Утврдено е и дека Х.И.Б.Л. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,30 промили во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.