ПОБЕЗБЕДНИ И ПОДОБРИ УЛИЦИ ЗА ЛИСИЧЕ: Митески во увид на градежните работи

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните работи на крак 28 на улицата „Тодор Чангов“, каде што во должина од 200 метри се врши целосна реконструкција, со замена на тампонскиот слој и асфалтната конструкција.

„За првпат, оваа улица добива темелно обновена сообраќајна површина, што ќе придонесе за поголема безбедност и подобри услови за движење на жителите. Продолжуваме со реализација на проекти што носат конкретни промени во секојдневието на граѓаните. Интензивно работиме на обновување и подобрување на сообраќајната инфраструктура низ Општина Аеродром“, стои во објавата на социјалните мрежи.

Најнови вести