Инфраструктура

До 16 часот целосно ќе биде затворен патот од Добри Дол кон Марков Манастир

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Патниот правец од Добри Дол кон Марков Манастир денеска ќе биде целосно затворен за сообраќај поради градежни активности.

Како што информира градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски, на дел од патниот правец ќе се врши асфалтирање, поради што сообраќајот ќе биде прекинат во периодот од 09:00 до 16:00 часот.

Учесниците во сообраќајот се повикуваат во наведениот период да го избегнуваат овој правец и да користат алтернативни сообраќајници.

Најнови вести