Финишира реконструкцијата на „Ленинова“

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Во тек се завршните градежни активности на последните 250 метри, на потегот од улицата „Илинденска“ до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Се уредуваат коловозот и пешачките површини, се поставуваат нови рабници, се нивелираат сливниците и уличните шахти, се реконструира мрежата за јавно осветлување и се уредува ново урбано зеленило.

Со оваа фаза се комплетира целосната реконструкција на „Ленинова“, во вкупна должина од над 600 метри.

Најнови вести