Кошаркарскиот тренер Антонио Савевски од Охрид синоќа загина во сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Охрид- Кичево, откако патничко возило излетало од коловозот.
Несреќата според МВР, се случила околу 23:30 часот, кога возило „Хјундаи Гец“ со охридски регистарски ознаки удрило во кучиња скитници, а потоа во металните браници покрај патот. По ударот, возилото се запалило.
33-годишниот Антонио Савевски својот професионален пат го посвети на кошарката, особено на развојот и работата со младите категории.
Савевски беше дел од тренерските тимови на Охрид, Вардар, потоа и Водно Санс и Ангели, а неговата посветеност кон младите кошаркари ќе остане запаметена во македонската кошаркарска заедница.