Подобри услови во училиштата и градинките во Свети Николе

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денес во посета на општина Свети Николе, изврши увид во активностите за подобрување на условите и во поставувањето на фотоволтаици во повеќе образовни установи.

„Драго ми е што локалната самоуправа во континуитет се труди да гради поквалитетно образование на локално ниво, а тоа е идентична цел и на Владата и Министерството за образование и наука на национално ниво. Секако, кога целите се идентични, заложбите се многу поефективни. Инфраструктурата е еден од основните предуслови за да имаме добар воспитно – образовен процес и во оваа прилика ќе се заблагодарам на градоначалникот што покажува голема грижа за најмладите и порачувам така да продолжи и во иднина да работи“, рече Јаневска.

Инвестицијата изнесува 13 милиони денари, а средствата за поставување фотоволтаици во три основни училишта и две градинки се обезбедени со средства од Владата преку повикот за финансирање на капитални проекти на општините.

Најнови вести