Поради уличен дефект 25 куќи без вода во Железара

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

ЈП „Водовод и канализација“ информира дека денеска прекин во водоснабдувањето ќе имаат дел од корисниците во населбата Железара.

Поради уличен дефект на водоводна цевка со профил Ф100 милиметри на улицата „Рокомија“ бр. 69, без вода се 25 куќи на улицата.

Прекинот во водоснабдувањето започнал синоќа во 23 часот, а ќе трае до завршување на работните активности и отстранување на дефектот.

Најнови вести