Пожар избувна на товарно- патничкиот брод „Blue Carrier 2″ додека пловел северно од грчкиот остров Миконос.
Бродот, кој пловел под грчко знаме, превезувал речиси 200 камиони и автомобили.
Евакуираните патници и членови на екипажот биле префрлени на друг брод, кој ги превезол до блискиот остров Тинос. Нема повредени во инцидентот.